Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

ПУЉА, ИТАЛИЈА

ПУЉА, ИТАЛИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПУЉА

Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања

 

Пуља е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејсажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.

 

07. Септември (Сабота)                   СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ

Состанок на групата на договореното место во 03:00 часот и трансфер до Аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во  11:25 и слетување во 12:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Разглед на главниот град на регионот Пуља – Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Во самиот центар се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита... Прошетка по Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто, совршено место за уживање во шармот на Бари. Ноќевање.

08. Септември (Недела)                   БАРИ – АЛТАМУРА - МАТЕРА

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алтамура и бисерот на регионот Базиликата, градот Матера. Алтамура е светски позната по палеонтолошкото наоѓалиште „човек од Алтамура“, калцифицирани остатоци стари околу 170.000 години, а пронајдени во блиската варовничка пештера. Разглед на средновековниот центар и посета на катедралата Санта Мариа Асунта. Кратко возење до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Матера е навистина посебна затоа што значаен дел од градот е вклопен во самите карпи. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО -  Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата , фонтаната на љубовта... Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

09. Септември (Понеделник)          БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Патувањето продолжува до Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Сместување во хотелот. Шетајќи се низ Алберобело ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме да се изгубите во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината. Ноќевање.

10. Септември (Вторник)                 АЛБЕРОБЕЛО – ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI

Појадок. Организиран превоз до хотелот и сместување. Слободно време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.

 

11. – 14. Септември                          ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI

Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

15. Септември (Недела)                   ХОТЕЛ – БРИНДИЗИ - ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Трансфер до Аеродромот во Бриндизи. Полетување за Тирана во 17:20, слетување во 18:15 часот и трансфер до Скопје.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  949 eur                  

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });