АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања
06. Декември (Петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување за Братислава во 21:50 и слетување во 23:25 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.
07. Декември (Сабота) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. Посета на божиќниот Базар, да се осети празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци, весела музика. Ноќевање.
08. Декември (Недела) ВИЕНА
Појадок. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Посета на Пратер-најстариот забавен парк во светот кој зафаќа површина од 6 милиони квадратни метри. Денес тоа е задолжителна станица за туристите кои ја посетуваат Виена со околу 4,2 милиони посетители годишно. Се вели дека Пратер е место каде што се среќаваат културата и архитектурата, традицијата и иновациите. Забавен парк, носталгично место, оаза на зеленило и локацијата на „Големото тркало“, еден од најголемите симболи на Виена. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Не го пропуштајте божиќниот базар! Ноќевање.
09. Декември (Понеделник) ВИЕНА -БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Братислава со попатна посета на Парндорф најголемиот шопинг центар во Австрија.
Разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Посета на традиционалниот божиќниот базар и можност да го пробате божиќниот бургер „Циганска„ и да уживате пиејќи ароматично греено вино. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:55 и слетување во 01:30 часот наредниот ден.
За уплата до 26.10: 529 евра (32.800 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 579 евра (35.900 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во “Club Hotel Cortina” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Виена со локален водич според програмата
- Посета на шопинг центар - Парндорф
- Разглед на Братислава според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Пешачка прошетка со водич во Виена 20 евра
-Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
- Туристичка такса 740 денари (се плаќа во Агенција)
- Посета на Шенбрун 45 евра (трансфер, влезница, водич)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 9.500 денари
- Дете од 2 до 5 год. плаќа 400 евра, дете од 5 до 12 год. плаќа 430 евра.
НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето