Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

СПЕКТАКУЛАРЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК ВО ЛАС ВЕГАС! 28.12 - 06.01.2025

СПЕКТАКУЛАРЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК ВО ЛАС ВЕГАС!
28.12 - 06.01.2025

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Програма на патување:
28.12.2024 |СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-ЛОС АНЏЕЛЕС
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 08:35 часот. Пристигнување во Лос Анџелес во 17:00 по локално време. Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Одмор од долгиот пат и слободно време за прошетка. Ноќевање.
29.12.2024 | ЛОС АНЏЕЛЕС
Посета на Kodak theatre, Sunset boulevard, (главната улица) во Los Angeles. Поминување покрај Hollywood и Beverly Hills (пауза за фотографирање). Можност за факултативна посета на Univerzal Studios Hollywood, најпознато место каде што се снимаат најгледаните филмски хитови. Во вечерните часови се посетуваат: прочуената улица во Los Angeles - CHINATOWN LA, шеталиштето Santa Monica, кое се протега покрај Тихиот Океан. Вракање во хотел. Ноќевање.
30.12.2024 | ЛОС АНЏЕЛЕС – ЛАС ВЕГАС
Можност за Факултативна посета на Disneyland во Los Angeles. Одјавување од хотел и заминување кон градот Las Vegas. Организиран трансфер од хотелот во Лос Анџелес до хотелот во Лас Вегас. Сместување во хотел во Las Vegas. Слободно време за прошетка. Ноќевање.
31.12.2024 | ЛАС ВЕГАС
Посета на најпознатите казина и хотели: Bellagio Water Show , Symphony By Music, Mgm Grand, Lion Habitat Mirage, Fermont Street во Las Vegas. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ! Ноќевање.
01.01.2025 | ЛАС ВЕГАС
Слободно време за прошетка. Ноќевање.
02.01.2025 | ЛАС ВЕГАС – САН ДИЕГО
Одјавување од хотел. Организиран трансфер од хотелот во Лас Вегас до аеродром во Лас Вегас. Лет до Сан Диего. Трансфер од аеродром до хотелот во Сан Диего. Слободно време за разглед на градот. Ноќевање.
03.01.2025 | САН ДИЕГО – МЕКСИКО (ТИХУАНА) – факултативен излет
Слободно време или факултативен излет до Мексико (Тихуана). Враќање во хотелот во Сан Диего во вечерните часови. Ноќевање.
04.01.2025 | САН ДИЕГО – ЛОС АНЏЕЛЕС
Одјавување од хотел. Организиран трансфер од хотелот во Сан Диего до хотелот во Лос Анџелес. Сместување. Слободно време. Ноќевање.
05.01.2025 |ЛОС АНЏЕЛЕС – ИСТАНБУЛ
Одјавување од хотелот во Лос Анџелес. Организиран трансфер до аеродром за летот до Истанбул во 18:55 часот. Пристигнување во Истанбул на 06.01 во 19:10 по локално време.
06.01.2025 |ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Лет од Истанбул во 20:15, пристигнување во Скопје во 19:45 часот по локално време.
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 6 ЛИЦА: 2.390€
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2.590€
Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува.
 Повратни авионски билети од Скопје, согласно програмата;
 Аеродромски такси;
 Рачен багаж до 8кг по лице;
 Чекиран багаж до 23кг по лице;
 2 ноќевања во хотел со 4*во Лос Анџелес;
 3 ноќевања во хотел со 4* во Лас Вегас;
 2 ноќевања во хотел со 4* во Сан Диего;
 1 ноќевање во хотел со 4* во Лос Анџелес
 Трансфери на релација аеродром-хотел-аеродром
 Трансфер на релација Лос Анџелес – Лас Вегас
 Авио билет на релација Лас Вегас – Сан Диего
 Трансфер на релација Дан Диего – Лос Анџелес
 Патничко осигурување.
Пакет цената НЕ вклучлува:
 Виза за влез во УСА;
 Туристичка такса која се плаќа директно во хотелите ;
 Доплата за еднокреветна соба: 500€
 Факултативен излет до Санта Моника
 Факултативен излет до Мексико (Тихуана)
 Влезници за локалитети и настани
Напомени:
 Понудата е валидна при минимум 10 пријавени лица;
 Агенцијата го задржува правото за корекција на пакет цената на аранжманот, во случај на недоволен број пријавени лица или промена на набавните цени од страна на авиокомпанијата, хотелските капацитети, трансфер компаниите, како и излетите кои се вклучени во истиот;
 Резервација се гарантира со уплата од минимум 50% од вкупниот износ на аранжманот, со целосна доплата најдоцна 30 дена пред датумот на патување;
 Агенцијата се обврзува најдоцна до 15 дена пред почетокот на патувањето да ги извести пријавените лица за реализација или откажување на патувањето;
 Во случај на отказ на патувањето од страна на агенцијата, депозитот за резервација се рефундира во целост;
 Во случај на отказ од страна на патникот, при потврдена реализација на програмата, уплатениот депозит не се рефундира.

 

 

 

 

 

 

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });