ЛОНДОН за Водици, 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

2025

ЛОНДОН за Водици

ЛОНДОН за Водици

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Л О Н Д О Н

17 Јануари – 22 Јануари 2025

1.ден- Скопје Лутон Лондон

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, 90 минути пред полетување на авионот. Лет со Визер во 10:40 часот, локално време. Пристигнување во Лутон/Лондон во 13:15 часот, локално време. Трансфер до хотел и сместување во хотел во областа на Хајд парк(централно).Можност за посета на центрарот на градот со туристичка рикша.  Слободна вечер. Ноќевање.

2. ден- Лондон

Прошетка и запознавање на центарот на градот: Бекингамска Палата, Кенсингтон Оксфорд циркус, Плоштадот Трафалгар, Парламентот, БигБен, Лондон Ај,Катедралата Вестминистер. Враќање во Хотел. Ноќевање.

 

3.ден Лондон

 

Прошетка низ финансискиот дел на Лондон, Лондон Сити:Катедралата Свети Павле, Лондон Сити. Попладнето можност за факултативна посета на музејот Мадам Тисо или индивидуални активности, препорачуваме посета на познатиот светски брендиран трговски центар Хародс. Враќање во хотел.Ноќевање.

 

4.ден – Лондон – Гринвич (нулта меридијан)

 

Можност за факултативен излет, крстарење по Темза и посета на Гринвич (нулта меридијанот) или препорачуваме посета на лондонските музеи: Бритиш Музејот, Националната Галерија или индивидуални прошетки низ Оксфорд, Реџент, Олд Бонд Стрит се до Пикадили Циркус. Во вечерните часови можност за посета на театарска шекспирова претстава, информирајте и резервирајте пред поаѓање кај вашиот продажен агент. Ноќевање.

 

5.ден – Лондон – Виндзор или Стоун Хенч

 

Слободен ден или можност за факултативна посета со организиран трансфер до Kралскиот дворец во Виндзор. Виндзор замокот е кралска резиденција во англиската област од Беркшир. Тој е познат по неговата долгогодишна поврзаност со англискотo, а подоцна и британското кралско семејство, A Ø по својата архитектура. Оригиналниот замок бил изграден во 11 век, по норманската инвазија на Англија од страна на Освојувачот Вилијам. Во времето на Хенри sam, била користена од страна на монархистичката влада, и е палата во Европа која била најдолго окупирана. Раскошот на замокот од страна на историчарите и уметниците бил опишан како извонреден преставнин на џорџианскиот стил. Во внатрешноста на замокот се наоѓа капелата од 15ти Век, за која се веки дека е врвно достигнување, ремекдело на англиската готика ... Слободно време за разглед на Виндзор. Враќање во Лондон. Слободно попладне за индивидуални активности. Препорачуваме посета на музејот на Шерлок Хомс кој се наоѓа на познатата Бејкр Стрит а исто така и можност за посета на лондонската зоолошка градина. Ноќевање.

6.ден – Лондон – Скопје

Одјава од хотелот. Трансфер до аеродромот Лутон во 02:00.. Лет за Скопје со Визер во 05:50 часот. Пристигнување во Скопје во 10:05 часот по локално време.

НАПОМЕНА: За потребите на апликација и издавање на туристичка англиска виза, пријавување за патување со потребна документација за виза е најдоцна до 07 Декември 2024

 

ЦЕНА 690 еур / 42.780,00

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз Скопје – Лондон – Скопје
  • 10 кг багаж
  • трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • Сместување во хотел 3* на база 5 ноќевања
  • Прошетка низ центарот на Лондон Лиценциран придржник водич на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка англиска виза 18.000,00 македонски денари
  • Појадок
  • Доплати за поголем багаж по желба, според условите на авио превозникот
  • Факултативни посета Крстарење по Темза
  • Факултативна посета на Гринвич
  • Факултативно посета на Мадам Тисот
  • Факултативно посета на Дворецот Виндзор
  • Факултативно посета на Стоун Хенч
  • Факултативно возење со рикша
  • Патничко осигурување

Забелешки:

  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 10 ПАТНИЦИ
  • Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.