Вила Moderno-Скијатос, Лето 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

Лето 2025

Вила Moderno-Скијатос

Вила Moderno-Скијатос

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вила Moderno на Остров Скијатос се наоѓа во самиот центар на островот. Вилата располага со 4 модерно уредени студиа, а секое студио има свој тоалет, тераса и мини кујна. Сите соби се наоѓаат на приземје.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Модерно (цени по лице)

-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје

-Туристички пратител за време на патувањето

-Претставник од агенција за време на престојот

-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

-Бесплатно користење на базен и паркинг од вила Павлос

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 10.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

 

План и програма

Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, поаѓање секоја среда навечер

Првиот термин започнува од 29-ти мај, а последниот термин завршува на 02 ри октомври.

Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

Поаѓање за Македонија секој четврток.

 

Сместување

Студио број 1

Студио број еден располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување којшто е одделен од просторијата кадешто е брачниот. Студиото нуди сместување за 2 возрасни лица и две деца до 12 години или 3 возрасни лица.

Студио број 2

Студио број два располага со еден брачен кревет. Студиото нуди сместување за 2 лица.

Студио број 3

Студио број 3 располага со еден брачен кревет и еден кревет на развлекување. Студиото нуди сместување за 3 возрасни лица.

Студио број 4

Студио број 4 располага со еден брачен кревет и еден кревет на развлекување. Студиото нуди сместување за 3 возрасни лица.

ТЕРМИН

РЕДОВНИ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ

22.05.2025-29.05.2025

168е

29.05.2025-05.06.2025

158е

05.06.2025-12.06.2025

194е

12.06.2025-19.06.2025

238е

19.06.2025-26.06.2025

273е

26.06.2025-03.07.2025

321е

03.07.2025-10.07.2025

374е

10.07.2025-17.07.2025

400е

17.07.2025-24.07.2025

400е

24.07.2025-31.07.2025

400е

31.07.2025-07.08.2025

400е

07.08.2025-14.08.2025

400е

14.08.2025-21.08.2025

400е

21.08.2025-28.08.2025

400е

28.08.2025-04.09.2025

352е

04.09.2025-11.09.2025

290е

11.09.2025-18.09.2025

229е

18.09.2025-25.09.2025

176е

25.09.2025-02.10.2025

167е

 

Важно

Факултативни излети:

 

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.