Брегот Амалфи е сместен јужно од Наполи во заливот Салерно во Тиренското Море. Се вели дека кој ќе го посети ова магично место сигурно ќе се врати повторно заради прекрасниот спој на спокојство, убавина историја и гламур. Ова волшебно место во Италија, исполнето со мали градчиња изградени на висовите и опкружени со синото море, е преполно со антички пештери и извртени патеки кој водат до стари градини со маслинки, лимони и портокали.
Ден 1. 08.03.2025 Сабота СКОПЈЕ-ТИРАНА
Состанок на групата во 05:30часот на паркингот пред Дрводекор.Трансфер до аеродромот во Тирана. Лет за Салерно во 12:25часот. Пристигање во Салерно 13:45часот. По пасошка и царинска контрола ни следува трансфер до хотелот во Салерно. Сместување во хотел. Слободно време за малку одмор. Собир на групата во лоби на хотелот и разглед на Салерно со локален водич кој ќе ви го претстави ова мало живописно гратче на брегот на Тиранското море кое со сигурност ќе ве воодушеви со убавата архитектура, плоштадот, катедралата. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 2. 09.03.2025 РАВЕЛО-АМАЛФИ-ПОСИТАНО
Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет за Равело ,Амалфи и Поситано – „бисерите“ на југот на Италија кои секоја година се во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд, така и за летен одмор од страна на туристите…се наоѓаат на Сорентинскиот полуостров. РАВЕЛО
Равело е дена од најпопуларните дестинации на брегот Амалфи. Лоциран на врвот на карпа на висна од 350 метри над морското ниво располага со спектакуларен панорамски поглед на целиот брег. Катедралата посветена на Св. Панталеимон, изградена во 11ти век, се вбројува во најважните историски споменици во цела Италија. Ќе ја посетиме и прекрасната вила Цимброне со прекрасни градини и терасата наречена Terrazo dell’ Infinito, каде што ќе уживате во прекрасниот поглед кон хоризонтот. Продолжуваме кон Амалфи. Според легендата, грчкиот јунак Херкулес се вљубил во нимфа наречена Амалфи. После нејзината смрт избрал да ја закопа на најубавото место на земјата, па ја закопал тука. Историски овој град бил најбогатиот на југот на Италија. Катералата во градот со доминантни бела, сива и златна боја била изградена во деветти век. Центарот има пешачка зона исполнета со продавници, барови и ресторани. Патувањето продолжува кон Позитано – едно од најмонденските места во Италија…се наоѓа веднаш до Амалфи. Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место враќање во Салерно во касните попладневни часови. Ноќевање.
Ден 3. 10.03.2025 Понеделник – ПОМПЕА – НАПОЛИ
Факултативен излет Помпеа. По појадокот се упатуваме на полудневна посета на Помпеа и Везув. Помпеа е град од времето на античкиот Рим, кој во 79та година од нашата ера од силната ерупција на Везув бил потполно уништен, прелеан со лава, целиот град со околу 20.000 луѓе, дворци, згради, храмови, театри и термални бањи зачувани засекогаш во моментите на нивната смрт се сведок на неуморливата сила на природата. Денешната Помпеа заради овој настан ја носи титулата град музеј и е под заштита на УНЕСКО и е една од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од два милиони жители. Продолжуваме покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри. Во договорено време поаѓање кон Наполи и слободно време за прошетка низ Наполи каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 4. 11.03.2025 Вторник
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон аеродромот во Салерно лет за Тирана 14:20. Пристигање во Тирана 15:30часот. Трансфер за Скопје. Пристигање во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 14.02.2025
389 евра со резервација на факултативи во агенција
РЕДОВНА ЦЕНА 409 евра
Во цената се вклучени следниве услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги:
НАПОМЕНИ:
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупниот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна 2 недели пред поаѓање.
– За патување потребно е да се поседува валиден биометриски пасош. Патниците се запознаени со регулативата за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета и организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување.
Превземи целосна понуда