06.03. – 10.03.2025 / 2 ноќевања
1 ден (06.03.2025 - четврток) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (07.03.2025 - петок) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови можност за посета на Божиќен базар. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден ( 08.03.2025 – сабота)- БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден (09.03.2025 – недела) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден (10.03.2025 – понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 139€
Во цената на аранжманот e вклучено :
- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
- Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
- Професионален туристички придружник од агенцијата,
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено :
- Факултативи
- Влезници за музеи и културно – историски споменици
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 65 еур.
- Туристичка такса
ФАКУЛТАТИВИ :
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 75 € по лице (без разглед на Будимпешта )
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ