Карибски остров со шеќерно бели плажи, прошаран со полиња на кои се одгледува тутун, кој игра значителна улога во процесот на производство на легендарните кубански пури. Главен град е Хавана, кој го красат куќи со пастелни фасади, автомобили од 1950–тите и шпански колонијален стил кој датира од 16-ти век. Во клубовите може да слушнете прекрасна салса музика, а во звуците на прекрасното кабаре шоу ќе уживате во познатиот клуб Тропикана. Куба често е нарекувана уште и El Caiman или El Crocodrilo (на шпански крокодил), поради нејзиниот облик кој потсетува на овој влекач. Откриена од Кристофер Колумбо во 1492 г. и колонизирана од Шпанија, Куба е најпопуларниот остров во средна Америка која е живеалиште на 11 милиони жители. Името Куба е преведено од Таино јазикот кој значи „плодна земја во изобилство “ (Cubao) или „прекрасно место“(cobana). Америка ја превзема контролата на власта во Куба во 1898 г. за време на Шпанско – Американската војна. Во 1902, Куба станува независна земја, а за време на Кубанската Револуција од 1953 до 1959 г., Фидел Кастро го заменува Фулегенсио Батиста. Кастро ја прогласува Куба за социјалистичка држава во 1961 година, со тоа што станува претседател на Куба, се до 2008 г. кога ја префрлува контролата на власта на неговиот брат Раул. Варадеро пак е најексклузивното, а воедно и најпознато летувалиште на Куба во кое се уште владеат браќата Кастро, а се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана. Денес тој претставува еден од најзначајните туристички центри на Карибите.
19.01.2025 | СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Пријавување на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:35 часот.
Пристигнување во Истанбул во 00:15 часот. Кратко транзит време до поврзаниот лет кон Хавана во 01:55 часот. Пристигнувате во Хавана во 07:15 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон Варадеро (150км). Пристигнување во Варадеро и сместување во хотел на услуга All Inclusive (пр. хотел Sol Palmeras Vardero 4*). Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
Појадок во хотел. Слободни денови за уживање на Карибите и прекрасните бели песочни плажи. Ноќевање.
Појадок во хотел. Одјавување од хотелот, при што со организиран трансфер се упатувате хотелот во Хавана. Се сместувате во хотел на услуга Bed and Breakfast (пр. хотел NH Collection Victoria La Habana 4*). Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативни излети од персоналот на хотелот. Ноќевање.
Појадок во хотел. Слободни денови за индивидуални активности или предлог факултативни посети од страна на хотелскиот тим. Ноќевање.
Рано одјавување од хотелот, при што со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Хавана, за летот кон Истанбул во 08:40 часот.
Пристигнување во Истанбул во 09:30 часот. Подолго транзит време на аеродромот во Истанбул, при што по желба на патниците, авиокомпанијата може да обезбеди бесплатна тура/разглед на градот со организиран трансфер. Поврзаниот лет кон Скопје е во 20:15 часот, а пристигнувањето во 19:45 часот локално време.
*ПРОМО ЦЕНА валидна за првите 4 пријавени лица
ПАКЕТ ЦЕНАТА Е ИЗРАЗЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА/ТРОКРЕВЕТНА СОБА И ИСТАТА ВКЛУЧУВА:
Лоцирана во централна Америка, Куба е островска држава чиј главен град е Хавана со околу 2 милиони жители. На јужниот дел на островот се наоѓа Карипското море, а на север излегува на Мексиканскиот залив и Атланскиот океан.
Виза
За државјани на Македонија, не се потрбени визи при патување на Куба.
Временска зона
Куба се наоѓа во временска зона UTC – 5
Клима
На Куба владее тропска клима со просечна температура од 25 степени целзјусови.
Храната во Куба пред се изобилува со морски специјалитети од риба и морски плодови, но овде можете да ги вкусите и сите видови на месо. Во прилог со секое јадење се сервира ориз и црн грав. Национално јадење е Ropa Vieja – говедско месо со зеленчук. На Куба се одгледуваат најразлични видови овошје и зеленчук кои не се одгледуваат во Европа (гвајаба, ананас, маланга, јука..). Овде препорачуваме конзумирање на храна од ресторани, а овојше и зеленчук од локалните пазари, каде цените се прилично исти како во Европа. Конзумирајте исклучиво флаширана вода!
При патување на Куба не е потребна имунизација. Пожелно е да понесете пробиотици, лекови за симнување на температура, за стомачни тегоби, како и Аутан против комарци и креми против изгореници од сонце. Овие средства препорачуваме да ги понесете од Македонија, бидејќи во Хавана не постојат големи супермаркети каде истите можете да ги купите.
За влез на Куба неопходно е да имате здраствно патничко осигурување кое може да го купите во било која осигурителна компанија или во нашата агенција.
Што се однесува до безбедноста, стапката на криминал на Куба е многу ниска, што значи дека државата е прилично безбедна за патување, но секако советуваме внимателно чување на своите работи, при прошетки во големите градови или туристички места, како превенција од ситни кражби. Прошетките без придружба дури и во вечерните часови се слободни и безбедни.
Со оглед на високите температури, советуваме со Вас да понесете летна гардероба, удобни обувки доколку присуствувате на факултативни излети со повеќе пешачење, како и капи или шешири како заштита од сонце.
Куба е земја која има две валути - CUC то ест конвертибилен пезос или CUP - монета национал. Вам на патувањето ќе ви биде потребен само CUC и тоа е валута која ја добивате кога менувате пари во менувачница. Курсот изнесува 1eur = 1,1 CUC. Пари можете да менувате и во CUP но таа валута можете да ја користите само на пазарите и во некои помали продавници а односот е 1CUC = 23CUP. Парите се менуваат во менувачници кои се државни така што курсот е секаде идентичен. На патувањето понесете евра со оглед дека доларите се на висока провизија. Се советува носење готовина затоа што плаќање со платежни картички не е застапено, а банкоматите не се секогаш во функција и нема на многу места.
Нашите мобилни оператори функционираат на Куба, а што се однесува до интернетот истиот во безжична верзија го има само на јавни места (паркови, лоби во големи хотели..), но има можност да купите интернет картички кои чинат околу 2 евра за 1 час интернет конекција. Поради таа причина не е препорачливо носење на лап топ компјутери со Вас со оглед на фактот што интернет конекциите не се баш добри. Купување на кубанска сим картичка не е возможно.
За полнење на Вашите мобилни уреди потребно е да имате адаптер со 2 тенки влеза (како во САД).
Превземи целосна понуда