Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат. Вилата е нова и модерна, а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.
Вилата е оддалечена 10-тина минути од градската плажа Megali Ammos.
Информативно видео: https://www.youtube.com/watch?v=BsBr0sW9My4
Што е вклучено во цената
-7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
Што не е вклучено во цената
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 10.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
– Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.
План и програма
Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
Првиот термин започнува од 22-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри ноември.
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.
Сместување
Вила Павлос
Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Оваа урбана вила ќе Ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.
Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.
Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет.
Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.
Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.
Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.
Вилата е на една минута пешачење од море. Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана. За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.
ТЕРМИНИ |
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
25.05.2025-2905.2025 |
122е |
29.05.2025-05.06.2025 |
133е |
05.06.2025-12.06.2025 |
147е |
12.06.2025-19.06.2025 |
161е |
19.06.2025-26.06.2025 |
185е |
26.06.2025-03.07.2025 |
233е |
03.07.2025-10.07.2025 |
272е |
10.07.2025-17.07.2025 |
308е |
17.07.2025-24.07.2025 |
308е |
24.07.2025-31.07.2025 |
308е |
31.07.2025-07.08.2025 |
308е |
07.08.2025-14.08.2025 |
308е |
14.08.2025-21.08.2025 |
308e |
21.08.2025-28.08.2025 |
272e |
28.08.2025-04.09.2025 |
240e |
04.09.2025-11.09.2025 |
187e |
11.09.2025-18.09.2025 |
157e |
18.09.2025-25.09.2025 |
133e |
25.09.2025-02.10.2025 |
133e |
Важно
Факултативни излети
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото.
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Banana beach
Цена за пакет:
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!