Кипар 08.03.2025 – 10.03.2025 & 07.03 - 10.03.2025, 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

2025

Кипар 08.03.2025 – 10.03.2025 & 07.03 - 10.03.2025

Кипар
08.03.2025 – 10.03.2025 & 07.03 - 10.03.2025

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1 ден (08.03 - сабота) : СОЛУН ЛАРНАКА      

 Состанок на групата на аеродром во Солун во 06:00 ч. ( локално време) планирано полетување за Ларнака во 09:10ч. Пристигнување во Ларнака во 11:10ч, организиран трансфер до хотелот и сместување  (доколку сте со организиран трансфер од наша страна до аеродром во Солун, тргнување после полноќ). Организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав  и како град и како ресорт.  При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес,  црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал.  По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака, слободно време за кафе, ручек или коктел во некој од многубројните барови и ресторани кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.

2 ден (09.03 – НЕДЕЛА): НИКОЗИЈА -  ЛАРНАКА - СОЛУН                                                Појадок во хотел. Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во Ларнака.

3 ден: (10.03 – ПОНЕДЕЛНИК) ЛАРНАКА – СОЛУН-СКОПЈЕ                                     

Рано наутро одјавување од хотел, организиран ,,launch” пакет - појадокОрганизиран трансфер до аеродромот во Ларнака во 04:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун во 06:20 часот. Пристигнување во Солун во 08:35 часот локално време. Следи организирана шопинг тура во Солун, посета на Mega Outlet, Ikea, Cosmos. One Salonica. Пристигнување во Скопје навечер.

РЕДОВНА ЦЕНА –  279 евра по лице

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Напомени:

 Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 ден. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање. Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

07.03 - 10.03.2025
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

1 ден (07.03.2025) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата во Скопје и трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:10 часот Слетување во Ларнака во 11:10 часот.По завршување на пасошки и царински формалности следува организиран трансфер. Патувајќи кон хотелот, ќе имаме можност панорамски да уживаме во убавините на Ларнака, од кои дел е и прекрасното солено езеро Алики кое во текот на зимскиот период е дом на илјадници птици, а меѓу кои се преубавите розеви суштества - фламинго. Се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор и релаксација, додека за оние со повеќе енергија, оваа авантура може веднаш да започне! Ќе прошетаме по долгото шеталиште, може да се одмориме на песочната плажа во комбинација со коктел пијалок или пак да се посети некоја од историските знаменитости на градот, на чија листа се наоѓа црквата Светли Лазар, една од најстарите овде. Ноќевање.

 

2 ден (08.03.2025) ЛАРНАКА – НИКОЗИЈА - ЛЕФКАРА

Појадок во хотел. Одморени и спремни за нов ден на островот! За денес предлагаме факултативна посета на главниот град на Кипар, Никозија и Лефкара. Никозија, град поделен на 2 дела, со 130 000 жители и 2 различни временски зони! Самата помисла е посебна знаејќи дека сте во град кој е поделен на 2 држави (Грција/Турција), чија граница ја поминувате за 2 минути, а притоа менувате временска зона. Велат најинтересниот дел на грчката страна на градот е Laiki Getonia, што во превод би значело “Добар сосед”. Овој дел од градот изобилува со тесни улици каде се наоѓаат голем број на продавници, атељеа и кафе барови, вредни да бидат дел од Вашите спомен фотографии. Ќе го посетиме и Кипарскиот Археолошки музеј кој брои колекција на предмети од долгогодишната историја на градот. Прекрасна архитектра на куќи кои повеќето од нив се реставрирани, но сеуште го задржуваат духот на историјата на островот. Во склоп на стариот дел на градот, се наоѓа и Етнографскиот музеј, Катедралата Свети Јован, Големата Палата на Архепископот Макариос III, како и најголемата банка на Кипар за која се верува дека е во сопственост на Кипарската Православна црква. Пауза за ручек. Ќе го видиме и познатиот ѕид кој претставува граница и го дели Кипар помеѓу Грција и Турција, статуата на независен Кипар и ќе ја посетиме црквата Фанеромени лоцирана на самата граница. Потоа ќе продолжиме кон живописното село Лефкара, познато по сребрените садови и сложената рачно изработена чипка, позната како „Лефчаритика“.Се враќаме во хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

3 ден (09.03.2025) ЛАРНАКА – АЈА НАПА – ФАМАГУСТА

Појадок во хотел. За денешниот ден предлагаме факултативна посета на крајбрежните град на Кипар, Аја Напа и Фамагуста. Градот Аја Напа важи за најпопуларен турстички центар на Кипар, кој некогаш бил само мало рибарско село. Овде ќе не пречека тиркизно море и прекрасни пејсажи, голем број на ресторани, барови и клубови кои се причина да Аја Напа не случајно го носи приматот на втора Ибица во светот. Две од најпознатите плажи овде, Golden Beach I Nissi Beach со вкупна должина од 3 километри, го красат крајбрежјето на Аја Напа.  Патот не води кон Фамагуста, при што ќе го посетиме манастрито Свети Барнабас, која го носи името на основачот на кипарската православна црква и античкиот град Саламис. Стариот дел на градот е следен на нашата агенда, а овде ќе имаме можност да ги видиме венецијанските ѕидови, Готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Се враќаме назад во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

4 ден (10.03.2025 –  ) ЛАРНАКА  – СКОПЈЕ
Напуштање на хотлот во  раните утрински часови со спремен ланч пакет од хотлот. Се упатуваме кон аеродром. Полетување за Солун во 06:20 ч. слетување во 08:35 ч. После пасошки и царински формалности следува посета на трговски  центар ( Cosmos ). Во договорено време организиран трансфер до Скопје.

ЦЕНА НА АРНАЖМАНОТ : 339
 

 

Цената на аранжманот вклучува:

Цената на аранжманот не вклучува:

 

Задолжително пријавување за факултативните излети во агенција !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ :

 

 За оваа програма важат општите услови за патување