8-ми Март во Париз, 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

2025

8-ми Март во Париз

8-ми Март во Париз

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


08.03-11.03.2025
 

Град на виното, љубовта, Ајфеловата кула, раскошната авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, Версај, плоштадот Конкорд, Операта, кабаре барот Мулен Руж, листа која нема крај. Тоа е Париз, град кој го носи епитетот Градот на светлината, во кој мирисот  на парфемите кои овде се произведуваат лебди во воздухот. Ако сте во потрага по раскош и мода, неверојатно вкусна храна, тогаш Париз задолжително треба да биде на Вашата листа на европски градови кои мора да ги посетите!


08.03.2025 | СКОПЈЕ-БУВЕ ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвидениот лет кон Париз во 13:10 часот. Слетуваме во Париз на аеродромот Буве во 16:20 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран приватен трансфер се упатуваме кон хотелот во Париз (90км). Се сместуваме во хотел во областа La Defense (пр. хотел ibis Paris La Défense Esplanade). Слободен ден за индивидални активности. Ноќевање.  

09.03.2025
| ПАРИЗ (Факултативен излет)

Појадок во хотел. Предлог факултативен излет: Пешачка тура “Montmartre” (2 часа). Оваа тура ќе Ве понесе назад во историјата на Париз и боемското маало каде што живееле Lautrec, Piccaso и Van Gogh, а движејќи се по плоштадот Place du Terte, ќе ги видите уметчките дела насликани од нив. Ќе ги посетиме Visit Moulin Rouge, Le Mur des Je T’aime, Moulin de la Galette и Basilica of Sacré Coeur de Montmartre. Крајот на турата го краси панорамскиот поглед на Париз од ридот на Montmarte, од каде ќе ги видиме Ајфеловата Кула, Notre Dame и Montparnasse Tower. Слободно време за ручек/кафе пауза. Цена по лице: 70€. Вклучено: трансфер од хотел до Montmarte, локален водич, пратител од агенцијата. Оттука со метро линија заминуваме кон Ајфеловата кула, со можност за качување на истата до вториот кат, од каде што ќе имаме неверојатен панормски поглед на Notre Dame, Louvre, Arc de Triomphe, Les Invalides. Цена по лице: 30€. Вклучено: влезница и пратител од агенцијата. Пеш (околу 40 мин) или со јавен трансфер се упатуваме кон еден од најпознатите музеи во светот – Louvre. Можност за посета на музејот чија влезница чини 30€. Индивидуално се враќаме во хотел. Ноќевање.

10.03.2025 | ПАРИЗ (Факултативен излет)

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или можност за посета за еден од најзабавните и најпознатите забавни паркови во светот – Disneyland. Од областа каде што е лоциран хотелот, со директна линија на RER заминувате кон Дизниленд паркот. Влезница за 1 ден/1 парк чини од 75 евра за возрасно лице, односно од 71 евро за деца до 11 години. Ноќевање

 

11.03.2025 | ПАРИЗ БУВЕ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. За последниот ден во Париз, препорачуваме посета на можеби најувата знаменитост на градот – дворецот Версај. Оддалечен на половина час надвор од градот, овој дворец и истоимената палата, никого не оставаат рамнодушен. Прекрасна глетка пред Вашите очи, која ја кажува историјата, гламурот и моќта на француската буржоазија. Шетаме повеќе од 3 часа во дворецот и уживаме во неговата убавина. Цена по лице: 90€. Вклучено: повратен трансфер, влезница, пратител од агенцијата. Во 13:00 часот се враќаме во хотел, од каде со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Буве, за директниот лет кон Скопје во 16:50 часот. Слетуваме во Скопје во 19:35 чаост.

 

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 559 €

 

Пакет цената е изразена во тотал за 4 лица, при што истата вклучува:


Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда