АРУБА – ЗЕМЈАТА НА ФЛАМИНГО 14.04-22.04.2025, 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

2025

АРУБА – ЗЕМЈАТА НА ФЛАМИНГО 14.04-22.04.2025

АРУБА – ЗЕМЈАТА НА ФЛАМИНГО
14.04-22.04.2025

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Аруба – островска полунезависна држава во Карипското море, во близина на венецуелскиот брег. Официјално дел од Холандија, но холанѓаните се најретките туристи на овој остров. Јазици кои се говорат овде се холандскиот и папименто. Површина од 180к2, која плени со прекрасна природа, тиркизно море и со право можеме да кажеме, најубавите плажи во светот. Овде живеат околу 100 илјади жители, а главниот град на островот е Оранјестад, со третина жители од вкупниот број. Мнозинството на население се арубанци кои се мешавиме од холанѓани, африканци и домородните араваци, домородното население на карипските острови. Кога ќе го слушнете зборот Аруба, прво што Ви паѓа на памет е преубавата птица Фламинго. Едни од најубавите птици на светот, кои се познати по својата розева боја, а се жители во топли краишта, плитки и солени води. Фламингосите дефинитивно знаат што е најдобро за себе и како да уживаат во својот живот J

 

ПРОГАМА НА ПАТУВАЊЕ          

 

14.04.2025 | СКОПЈЕ-ФРАНКФУРТ-БОГОТА

Пријавување на шалтерите на Lufthansa во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Франкфурт во 06:15 часот. Слетувате во 08:40 часот каде имате транзит време до поврзаниот лет кон Богота во 14:45 часот. Слетувате во Богота, Колумбија во 18:55 часот. Поминувате пасошка контрола и со организиран трансфер се упатувате кон хотелот кој е во близина на аеродромот. Ноќевање.

15.04.2025 | БОГОТА-АРУБА

Рано изутрина се одјавувате од хотелот, каде со организиран трансфсе се упатувате кон аеродормот во Богота, за летот кон Аруба во 07:00 часот. Слетувате во 09:50 часот, во главниот град Оранјестад. Добредојдовте на Аруба! Со организиран трансфер се упатувате кон хотелот. Се сместувате во хотел (пр. Victoria City Hotel)  во центарот на градот, согласно политиката на истиот за влез во собите (по 14:00 часот). Слободно време за истражување на овој мал град, но полн со историја и со прекрасна енергија.

 

Шарените фасади на локалните куќи и објекти, ќе Ве вратат назад во времето на морепловиците и откривањето на овој дел од светот. Гостопримливото и љубезно население ќе го направи Вашиот престој удобен и за момент ќе се почуствувате како дел од нив. Овде времето запира, препуштајќи се на убавините кои се наоѓаат пред Вас. Ноќевање.

 

16.04.2025 | АРУБА (Целодневен разглед на Аруба)

Појадок во хотел. Овој ден е предвиден за целодневно истражување на островот со локален водич. Авантурата започнува во 10:00 часот, каде од хотелот тргнувате со климатиризан автобус и се запознаваме со богатата култура на Аруба, посетувајќи ги најзначајните места на островот. Прва на денешната агенда е Aruba Aloe Factory или фабриката за производство на Алое Вера, каде ќе се запознаете со долгата историја за произвдоство на ова растение.

 

 

 

 

 

Следната точка е California Lighthouse кој се наоѓа на врвот на ридот Hudishibana, од каде ќе имате можност за неверојатен 360 степени панорамски поглед на островот (влез во светилникот со доплата). Авантурата продолжува до карпестите формаи на Casibari Rock, на кои повторно се качуваме за прекрасни глетки и фотографии кои ќе бидат прекрасен спомен од ова патување. Продолжуваме кон природниот феномен кој го носи името Natural Bridge, а претставува карпеста форма која поврзува 2 точки над морето, формирајќи мост. Ќе ја почуствувате златната ера на Аруба во копањето злато, посетувајќи го напуштениот рудник за злато кој се наоѓа овде, лоциран на плажа. Пауза во фамилијарен бар со 75 годишна историја, каде ќе ја почуствувате вкусот на локалната култура. Последната точка за овој излет е плажата Baby Beach каде ќе имате можност за капење во тиркизните води на оваа лагуна. Пауза за ручек во ресторанот на самата плажа. Во однапред договорено време се враќате во хотелот. Слободна вечер за прошетки во Оранјестад или предлог со доплата:  “Party Bus”.

*Едно поинакво искуство со забава во автобус, возејќи низ градот, притоа застанувајќи на неколку локации за забава во барови и пабови. Автобусот е специјално дизајниран за оваа намена, со голем подиум за танцување, диско осветлување и диџеј кој ќе се погрижи за целата атмосфера и незаборавна вечер. Уживајте во познаите коктели и ликери како “Aruba Riba” и “Coecoei” и заборавете на сите грижи! Цена по лице: 90. Вклучено. 4 часовно шоу во диско автобус и посета на одредени локации на пабови и барови, конзумација на неограничени “Aruba Riba коктели и неограничени безалкохолни пијалоци.

17.04.2025 | АРУБА, ОРАНЈЕСТАД (Крстарење на зајдисонце со ручек/вечера)

Појадок во хотел. Слободно утро за уживање во карипскиот воздух. За овој ден, подгответени ги Вашите костими за капење и пешкири, бидејќи  околу 13:00 часот се упатувате кон пристаништето во градот (15 минути пеш), од каде заминувате на 5 часовно крстарење со катамаран. Впуштете се во водите на Карипското море, впивајќи ги витамините со што сонцето ги пружа за Вас, во комбинација со коктели и пијалоци кои ќе Ви бидат на располагање во неограничени количини во текот на пловидбата.

 

Пристигнувате на плажата Boca Catalina каде ќе имате слободно време за капање и нуркање во тиркизните води заедно со морски желки, уживајжи на кристално белиот песок, во комбинација со коктели и закуски. Бродот е опремен со “Stand-U paddle boards”, даски на кои пловите стоечки, а доколку сте почетници, персоналот на брото со задоволство ќе Ви помогне оваа авантура да ја поминете како професионалец. Следна на агендата е плажата Nikki Beach, каде ќе уживате во вкусно подготвена скара од скара. Враќање на пристаништето и индивидуално до хотелот. Ноќевање.

 

18-20.04.2025 | АРУБА, ОРАНЈЕСТАД (слободни денови/предлог факултативни излети)

Појадок во хотел. Слободни денови за прошетки, плажа, дополнителни факултативни излети со доплата (јавање коњи, ATV тура, професионално нуркање, романтични вечери со уметнички запис на канвас, посета на фарма за животни и сл). Ноќевање.

 

21.04.2025 | АРУБА-БОГОТА-ФРАНКФУРТ

Појадок и одјавување од хотелот. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Оранјестад за летот кон Богота во 17:35 часот. Пристигнувате во Богота во 18:25 часот. Завршувате со пасошка и царинска контрола, го превземате Вашиот багаж и повторно се чекирате за летот кон Франкфурт е во 23:30 часот.

 

22.04.2025 | ФРАНКФУРТ-СКОПЈЕ

Пристигнувате во Франкфурт во 17:20 часот локално време. Повразаниот лет до Скопје е во 20:10 часот, по кратко транзит време на аеродромот. Пристигнувате во Скопје во 22:25 часот.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2490

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда