Ве носиме во земјата каде што некои статистики велат дека таму живее една од најсреќните нации на светот. Да, тоа е од Колумбија! Богата и испреплетена историја која ставена на хартија брои илјадници страници. Од Пабло Ескобар до Шакира, Колумбија е земјата која го носи името на можеби најпознатиот лик од минатото за кој секој однас учел во училиште – Кристофер Колумбо. Ја посетуваме Богота, главниот и најголемиот град на Колумбија, кој брои над 50 музеи, 35 библиотеки, 20 плоштади, споменици, театри, културни центри. На нашата агенда е и Меделин, град кој е асоцијација на Пабло Ескобар, најголемиот нарко бос од минатото, кој според информациите, заработувал над 400 милиони долари неделно, со тоа што бил на 7-то место на најбогати луѓе во светот. Меделин во времето на Ескобар било место на вечната борба помеѓу нарко картелите, за денес да прерасне во град на културата и модерната уметност. Картегена е еден од најубавите колонијални градови кои може да ги посетите во Латинска Амрика, а кои со своите преубави згради во шарени бои, калдрмести улици и ритамот на салса, привлекува најголем број на туристи воопшто во земјата. Градот е познат како место во кое прочуениот Габриел Гарсија Маркез ја започнал својата кариера и чие дело "Сто години самотија" е едно од најпродаваните дела на шпански јазик. Авантурата продолжува кон Перу, земјата со најмногу песочни дини во светот, место каде ќе ја почуствувате магијата на Мачу Пикчу, шарените падини на Планината Виножито и долината на Инките каде бушавите пријатели лами, се умилкуваат на посетителите. Во земјата на Инките која е позната по најголемиот биодиверзитет, ќе чуете многу легенди раскажани на шпански јазик, кечуа и и јазикот ајмар, место каде ќе се поклоните на богот на сонцето Инти и творецот на светот Виракоча, а сето тоа послужено со чај од Кока.
02.04.2025 | СКОПЈЕ-ФРАНФКУРТ-БОГОТА
Состанок со пратителот на групата, на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Франкфурт во 06:15 часот. Приститнуваме во Франкфурт во 08:40 часот. Транзит време на аеродромот во Франкфурт, до поврзаниот лет кон Богота во 14:45 часот, при што пристигнуваме во 18:55 часот. Добредојдовте во Колумбија! По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон централниот дел на Богота, каде што овие 3 дена ќе бидеме сместени. Се сместуваме во хотел (пр. хотел Radisson Bogota Metrotel 4*). Слободна вечер. Ноќевање.
03.04.2025 | БОГОТА (Разглед на градот, Monserrate, Gold Museum, Botero Museum, Plaza Bolivar)
Појадуваме во хотел. Денешниот ден го поминуваме во разглед на градот Богота и знаменитостите кои овој град ги нуди, од истористки, културен и модерен аспект. Истражуваме места полни со приказни, култура, уметност и локална кујна. Оваа авантура ја започнуваме во стариот дел на Богота, познат како Ла Канделарија, на чиј плоштад се наоѓа Chorro de Quevedo, историско катче на ова нселба, основана во XVI век. Ја истражуваме целата област на Канделарија, посетуваме музеи и плоштадот Боливар, во близина на овој плоштад се наоѓаат и градската катедрала и националниот парламент. Продолжуваме во Музејот на Фернандо Ботер - најпознатиот Колумбијански уметник и музјеот "Casa de la Moneda" или домот на парите. Авантурата ни продолжува кон иконскиот симбол на Богота -- ридот Monserrate кој се издига до 3.152 метри надморска височина, до него стигнуваме со жичарница од која имаме незаборавен панорамски поглед на Богота. На самиот врв се наоѓа и црква каде ја чуваат познатата статуа на ,,Господарот на чудата". Продолжуваме кон Simon Bolivar Park, каде ќе имаме слободно време да уживаме во зеленилото кој истиот го нуди, погоден за прошетки, пикник и рекреативни активности.
Цена по лице: 80 €. Вклучено: организиран трансер, локален водич на англиски јазик, пратител од агенцијата, влезница за Gold Museum, Botero Museum, лесни закуски. Не е вклучен билет за жичара до Monserrate.
Се враќаме во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки или дополнителни предлог факултативни излети излети. Ноќевање.
04.04.2025 | БОГОТА (El Paraíso Favela или Coffee Farm and Tequendama Falls Tour)
Појадок во хотел. За денешниот ден ги предлагаме следните факултативни излети:
За љубителите на кафето, препорачуваме факултативен излет до фарма на која истото се произведува и каде ќе имаме можност да пробаме ликер од кафе. Попатно уживаме во прекрасните бои на пејсажите кои ќе бидат пред нас, а на фармата одблиску се запознаваме со процесот на производство и обработка на еден од најпознатите пијалоци во светот, без разлика на типот и начинот на приготвување на истото. Локалниот водич и домаќините на оваа фарма е бидат задолжени за одговор на сите прашања и тајните за оваа култура. Правиме пауза со тазе подготвен ликер од кафе и уживаме во вегетацијата. Патот го продолжуваме кон водопадите Tequendama Falls, кои во прекрасна природа се впуштаат од 132 метри висина, создавајќи неверојатна глетка. Се враќаме назад во хотел. Цена по лице 95€. Вклучено: повратен трансфер, влезница за фарма за кафе, локален водич на англиски јазик, пратител, дегустација на ликер од кафе. Времетраење: 9 часа.
Или, за најхрабрите, предложуваме излет до фавелата El Paraiso Favela, каде одблиску ќе ја почуствувате атмосферата на локалното население кое живее во неа. До тука, односно до ридот El Paraiso стигнуваме со жичара и поминуваме над шарените куќи бојадисани во најразлични бои од страна на жителите, а уживаме и во панорамскиот поглед на Богота. Се впуштаме во прошетка низ тесните улици и шарените ѕидови со графити, придружувани од лидерот на локалната заедница на фавелата, кој заедно со локалниот водич, ќе ни ја раскаже приказната за животот овде, како и за позитивните промени кои се случуваат во последните години, кои се спроведуваат како би помогнале во ревитализација на оваа енергична, но недоволно опслужена област. Продолжуваме до точката каде ќе го имаме најубавиот панорамски поглед на градот, а потоа ќе пробаме локална колумбиска закуска како би ја почуствувале кулинарската култура на Колумбија. Со жичницата се враќаме назад во градот. Цена по лице: 80€. Вклучено: повратен трансфер, повратни билети за жичница, закуска, локален водич на англиски јазик, пратител, обезбедување, медицински осигурување. Времетраење: 4 часа. Слободна вечер. Ноќевање.
05.04.2025 | БОГОТА-МЕДЕЛИН (Pablo Escobar Tour)
Рано одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Картагена, за директниот лет кон Меделин во 08:00 часот. Пристигнуваме во Меделин во 09:15 часот. Со организиран трансфер се упатуваме во централниот дел на градот. Се сместуваме во хотел (пр. The Somos Flats 4*) во официјално време за пријавување (по 14:00ч). Нашиот багаж го оставаме во просторија на хотелот при што се впуштаме во авантура и истражување на градот. Првата личност која ќе Ви падна напамет кога некој ќе го спомне името на Меделин е со сигурност озогласениот нарко бос и еден од најпознатите криминалци во светот – Пабло Ескобар. Оваа тура која трае 4 часа е посветена на патот на Пабло. Ќе ги истражиме точките на градот кој ја обележуваат историјата на Ескобар, неговата населба која ја красат муралите со негивиот лик, гробиштата Jardines de Montesacro Cemetery каде е погребан тој, El Parque de Inflexion и зградата Monaco Building каде во еден период живеело семејството на Пабло. Овде ќе го видиме паркот кој е спомен на жртвите на картелот. На крајот, го посетуваме фамозниот покрив на куќата каде што завршува негиот живот.
Цена по лице: 60€. Вклучено: трансфер, локален водич на англиски јазик, вода, посета на местата според програмата, пратител од агенцијата, вода. Времетраење: 4 часа.
Се враќаме назад во хотел. Слободно попладне за прошетки, ручек и дополнителни излети. Ноќевање.
06.04.2025 | МЕДЕЛИН (Guatape El Peñol with Boat, Breakfast & Lunch)
Денешниот ден го започнуваме рано и заминуваме кон градот Guatape (околу 1 час пат). Приститнуваме во градот каде што локалниот водич ќе ни ја раскаже историјата за шарениот град. Овде имаме вклучен појадок, пред да се качиме на брод и запловиме по заливите од каде панорамски ќе уживаме во погледите пред нас, насочени кон Casa Museo, La Cruz, Piedras del Marial, Piedra del Peñol и остатоците од викенд куќата на Пабло Ескобар. Го посетуваме маестралниот монолит од 200 метри висина - Piedra del Peñol, каде ќе имаме можност за неверојатни фотографии од врвот на истиот. Правиме пауза за ручек. Пред да се вратиме назад во Меделин, попатно застануваме во Plaza de Zocalos и уживаме во уметниките мурали на локалните уметници. Се враќаме во Меделин.
Цена по лице: 60€. Вклучено: повратен трансфер, локални такси, појадок, ручек, локален водич, осигурување, посета на места според програмата. Времетраење: 10 часа.
07.04.2025 | МЕДЕЛИН-КАРТАГЕНА
Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за прошетки пред организираниот трансфер до аеродромот во Меделин, за директниот лет кон Куско. Полетуваме во 17:20 часот, а пристигнуваме во 18:30 часот. Со организиран трансфер се упатуваме во централниот дел во Картагена. Се сместуваме во хотел (пр. хотел Barlovento 4*). Слободна вечер. Ноќевање.
08.04.2025 | КАРТАГЕНА (City Tour + San Felipe Castle)
Појадок во хотел. Одморени, во попладневните часови се впуштаме во обиколка на градот Картагена. Тргнуаваме кон местото каде што ќе не’ пречека локалниот водич, кој ќе ни ја раскаже приказната за градот. Ја посетуваме модерната и туристичката област на градот Bocagrande, Laguito и Castillo Grande. Уживаме во погледите на едни од најубавите природни заливи, ќе поминеме покрај иконската India Catalina и ќе направиме фотографии со статуата Zapatos Viejos. Пристигнуваме во замокот Castillo de San Felipe каде ќе имаме можност да влеземе во истиот. Се враќаме во градот каде што ќе имаме слободно време за ручек и шопинг. Слободна вечер. Ноќевање.
Цена по лице: 35€: превоз, локален водич на англиски јазик, посета на местата според програмата, влезница за San Felipe Castle, пратител од агенцијата. Времетрање: 4 часа
09.04.2025 | КАРТАГЕНА (Rosario Islands Catamaran with Lunch and Snorkel)
Појадок во хотел. На овој ден се впуштаме во авантура од околу 8 часа со катамаран. Пловиме до Rosario и San Bernardo National Natural Park. Пловидбата ја започнуваме со пијалок за добредојде, а уживаме во освежителни пијалоци во текот на истата (алкохолни пијалоци со доплата). На катамаранот се сончаме или уживаме засолнети под сенка, се капеме, нуркаме во кристални чисти води и ручаме вкусен специјалитет подготвен од нашиот кувар за денес. Правиме пауза на плажа со бел песок и тиркизна вода.
Цена по лице: 110€: трансфер од хотелот од пристаништето на тргнување, пијалок за добредојде, безалкохолни пијалоци во текот на пловидвата, ручек, опрема за нуркање, влезници за National Natural Park, пратител од агенцијата. Времетраење: 8 часа.
Се враќаме во градот. Индивидуално се движиме во центарот на градот и ги истражуваме историските и културните знаменитости на истиот. Слободна вечер. Ноќевање.
10.04.2025 КАРГАТЕНА-КУСКО
Појадок и одјавување од хотелот. Последното време во Каргатена го користиме за прошетки и последни шопинг активности пред да ја напуштиме Колумбија. Во однарпед договорено време, со организиран трансфер се упатуаваме кон аеродромот во Каргатена, откаде полетуваме кон Куско (преку Богота) во 17:20 часот. Пристигнуваме во Богота во 20:55 часот. Овде имама кратко транзит време до повзраниот лет кон Куско во 23:20 часот. Пристигнуваме во Куско во 00:45 часот после полноќ. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон центарот на Куско. Се сместуваме во хотел (пр. Illas Inn 3*). Ноќевање.
11.04.2025 | КУСКО (Rainbow Mountain Day Trip and Red Valley)
Во Перу нема многу време за одмор бидејќи има толку многу места за посета! По кратко одмор, рано изутрина (03:30) се впуштаме во авантура до rainbow Mountain. Целодневна тура од 12 часа каде никој од нас нема да остане рамнодушен од убавините и историјата што овие места и Перу ги нудат. Патуваме околу 2 часа до градот Cusipata, каде ќе имаме пауза за појадок. По појадокот, патуваме уште 1 час до местото од каде што ќе запчнеме со качување на качување, на 4850 метри надморска висина. Оттука пешачиме 3.5км до Rainbow Mountain, преку рамен и нагорен терен. Додека патуваме, уживаме во неверојатни глетки кои можете да ги доживеете само овде, а пред на се појавуваат познатите лами и алпаки. Достигнуваме надморска висина од 5010 метри, каде имаме време за одмор и уживаме во глетката на Rainbow Mountain. Се враќаме назад во Cusipata каде ќе имаме ручек. По завршување на ручекот, се враќаме во Куско. Слободна вечер. Одмараме за следната авантура која не очекува на утрешниот ден, а која е печат на целото патување. Ноќевање.
Цена по лице: 60€. Вклучено: превоз, локален водич на англиски јазик, појадок и ручек, кислород (во случај на потреба), пратител од агенцијата. Времетраење 10-12 часа.
12.04.2025 (Machu Picchu)
Велат крајот го краси делото, па така најубавата авантура ја оставаме за крајот на ова патување. На овој ден патуваме со светското културно наследство – Macchu Picchu. Тргнуваме рано изутрина со автобус до станицата во Aguas Calientes, од каде со воз заминуваме кон Macchu Picchu. Во текот на патувањето уживаме во комотниот воз со големи прозори преку кои ги воочуваме најубавите глетки и пејсажите на Андите. Од станицата каде се симнуваме, патуваме околу половина час со автобус до Macchu Picchu. Подгответе ги фото апарати! Локалниот водич ќе ни ја раскаже приказната за овој древен град кој се верува дека е изграден во 1450 година пред новата ера, од страна на Инскиот император Pachacuti, како место за одмор. Ги разгледуваме сите точки на градот, уживаме во прекрасните глетки и историјата која овој град ја има зад себе. Правиме пауза за ручек. Се враќаме во Куско по истиот редослед. Слободна вечер пред заминување кон Македонија. Ноќевање.
Цена по лице: 330€.: превоз, повратни билети за воз, влезница за Мачу Пикчу, два ипол часа тура со локален водич во градот, пратител од агенцијата. Времетраење 15 часа.
13.04.2025 | КУСКО-ЛИМА-ФРАНКФУРТ
Рано се одјавуваме од хотелот при што со организиран трансфер се упатуаваме кон аеродромот во Куско, за летот кон Лима во 04:15 часот. Пристигнуваме во Лима во 05:55 часот. Го превземаме багажот и се чекираме за летот кон Богота во 10:35 часот. Пристигнуваме во Богота во 13:55 часот. Транзит време на колумбискиот аеродром до летот кон Франкфурт во 18:40 часот.
14.04.2025 | ФРАНКФУРТ-СКОПЈЕ
Пристигнуваме во Франфурт во 14:40 часот. Поврзаниот лет кон Скопје е во 17:55 часот, а пристигнуваме во 20:05 часот.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2390€
Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:
Пакет цената НЕ вклучува:
Напомени:
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕСТИНАЦИИТЕ
КУБА
1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Република Колумбија е држава која се наоѓа на северозападот на Јужна Америка. На север и на северозапад излегува на Карипско море, а на запад на големиот Тихи океан. Колумбија по површина е четврта најголема земја во Јужна Америка. Еден од главните производи на оваа земја е кафето.
Површина: 1,141,748 km2
Број на жители: 49 милиони
Главен град: Богота (8 милиони)
Националност: Колумбијци (претежно местици)
Официјален јазик: Шпански
Вероисповест: Католици
Независност: 07.08.1819.
2. ВИЗА
За државјаните на Р.С. Македонија не е потребна виза за туристичка посета.
3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона е UTC -5.
4. КЛИМА
Колумбија е огромна земја и поради тоа се карактеризира со повеќе климатски зони: дождливи шуми, савани, пустини и планини. Во главниот град Богота просечната годишна температура е 15°C, а најтопли месеци се март и април со температура од околу 20°C. Маглата исто така е честа појава. Меделин се наоѓа во тропски појас, а со оглед на тоа што градот се наоѓа на 1500м надморска височина просечната годишна температура е 22°C и не се менува многу во текот на годината. Температурата е уште поповолна на брегот на Карибите каде просечната температура е 27°C. Сушниот период во овој дел на државата трае од ноември до мај.
5. ХРАНА
Колумбијската храна е многу разновидна благодарение на географската разноликост, тропската клима и влијанието на различни имигрантски популациии- всушност секој има свои специјалитети. Колумбијската кујна нуди различни видови на храна со доста месо. Како главни прилози најчесто ги додаваат пченката и гравот. Најпопуларниот појадок скоро секаде вклучува арепа, нешто измеѓу леб и палачинки од пченично брашно, често полнета со јајце. Колумбија може да се пофали со околу 250 видови овошје и скоро исто толку видови зеленчук. Оние нам познати како на пример ананас, банана, манго и некои потполно едиствени феихоа, нисперо, јука... Специјалитети на оваа кујна се и чорбите. Чорбата San Cocho се прави од риба или пилешко и комбинација на друго месо и додаток на некој од членовите на семејството компири (бел, црвен и креолски компир, јука и јам) и кромид. Ajiaco е прилично тешка супа базирана на компир која е особено популарна во и околу Богота. Додатни состојки се парчиња пилешко, пченка, капар и павлака. Ajiaco обично се служи со ориз и свежо авокадо. Можете да се "засладите" и со чичарони- некоја врста на нивни чварки. Во секој случај во Колумбија нема да останете гладни!
6.ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА
За влез во Колумбија не е потребна против жолта грозница и со оглед на пределите кои ги посетуваме и местата кои се предвидени според планот и програмата нема опасност од тропски болести. Пожелно е да се понесат лекови за стомак (пробиотици), Фервекс или некои лекови за болка и температура за секој случај. Доколку не понесете со вас, не е ништо страшно може да се купат и од аптеките таму.
7. ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето не е задолжително, но е препорачливо. Можете да го подигнете во било која осигурителна компанија или да го уплатите во нашата агенција најдоцна 5 дена пред поаѓање.
8. БЕЗБЕДНОСТ
Колумбија се смета за безбедна држава во Јужна Америка, без оглед на нејзината бурна историја, многу политички прашања се целосно решени и владата како и луѓето настојуваат да го подигне туризмот на високо ниво. Во моментов Колумбија е една од најпознатите туристички дестинации во Јужна Америка. Треба да водите сметка за ситни кражби и џепароши како и во било кој европски град.
9. ОБЛЕКА
Спакувајте слоевита облека и понесете што помалку работи! Со обзир на тоа што во Богота просечните температури се 15°C за овој град е потребно да понесете потопла облека (јакнички, панталони, блузи..). Во другите телови на земјата (Меделин и брегот на Карипското море) се високи температурите и за таму се препорачува носење лесна летна гардероба. Исто така се препорачува носење шешир и капа за деновите кои ги поминуваме на плажа.
10. ВАЛУТА
Како и во другите латиноамерички земји, најприфатена странска валута е америчкиот долар кој изнесува 1 USD = 2.900 пезоси. Евра не може да се сменат во повеќето менувачници освен во поголемите банки. Прифатливи се најпознатите светски платежни картички, првенствено Visa i Master Card.
11. КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мобилни мрежи функционираат во Колумбија, а секако може да купите и локална СИМ картичка. WiFi имате во сите сместувања и ресторани, така што нема да имате проблем во одржувањето на комуникација со семејството и пријателите.
ПЕРУ
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Република Перу се наоѓа на западот на Јужна Америка и се граничи со Еквадор, Колумбија, Бразил, Боливија, Чиле и излегува на Тихиот океан. Територијата на Перу е колевка на една од најстарите цивилизации на светот, Norte Chico но и една од најпознатите и најнапредните цивилизации на светот, царството на Инките. Шпанската империја ја покорила оваа област за време на 16тиот век и основала Вицекралство со Лима како главен град. По стекнување независност во 1821 година, Перу поминувал низ период на политички немири и кризи. Територијата на Перу завзема површина нешто повеќе од 1.285.000 km2 и е поделена на 25 региони. Официјален јазик на перу е шпанскиот, но во употреба се и кечуански, ајмарски.
Површина: 1.285.000 km2
Број на жители: 27.925.628
Главен град: Лима ( 9,2 милиони жители)
Националност: 45% се Индијанци, 37% Местици (мешавина белци и Индијанци), 15% Европјани, 3% Кинези, Црнци и останати
Официјален јазик: Шпански
2. ВИЗИ
За државјаните на Р.С. Македонија не е потребна виза.
3. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА
Се препорачува конзумирање флаширана вода. Не постои опасност од епидемија и заразни болести.
4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Перу се наоѓа во UTC -6 временска зона.
5. КЛИМА
Климата на Перу има две главни сезони: влажна и сува. Температурата е главно под влијание на висината, што повисоко се качувате станува сѐ постудено. На територијата на Перу може да се издвојат 3 потполно различни климатски региони: крајбрежна (пустинскиот дел до тихиот океан), планинска (Анди) и тропска климатска зона (Амазон)
6. ХРАНА
Перуанската кујна се смета за една од најдобрите, не само во Јужна Америка туку во целиот свет. Се темели на едно необично богатство на намирници и затоа е многу вкусна, оригинална и разнолика. Покрај компирот (papa) и пченката (choclo) меѓу основните намирници е и зеленчукот, слаткиот компир (camote) и yucca или маниока и тука е овошјето меѓу кои се наоѓаат различните видови банани и омилените авокадо и папаја. Во кујната се користат и многу видови морски и слатководни риби, морски плодови и различни видови месо како пилешко, јунешко, свинско како и месо од коза, лама, алапака и различен дивеч. Типично перуански јадења се: Adobo de cerdo- свинско во густ сос со ориз; Aji de galina- јадење од парчиња пилешко во сос од млеко, кромид, чили, лук, ореви и кашкавал; Arroz con maricos- ориз со морски плодови; Choclo- варена пченка која најчесто се служи со кашкавал; Ceviche- свежа риба и морски плодови во маринада од лимон, лук и домат; Lomo saltado- парчиња месо маринирани во соја сос, чили, лук, стар кромид и домат печени на жар со компири.
Меѓу најомилените традиционални пијалаци е пијалакот од пченка chica de jora (нешто слично на пиво) и chica morada вкусен и сладок, освежувачки безалкохолен напиток од виолетова пченка со цимет кој потсеќа на греено вино, а се пие разладен. Перуанците може да се пофалат со својата "кола", жолта лимонада која има вкус на гума за џвакање, Inca cola што и воедно е најпродаван пијалак. Во Перу е исто така омилено и пивото- cerveza, а меѓу најпродаваните се Cusquena, Cristal, Arequipena pilsen и националниот коктел Pisco sour. Pisco sour е мешавина на ракија од грозје, pisco, сок од лимета, шеќер и белка од јајце. Во повисоките делови на Перу, се пие познатиот чај од кока.
7. БЕЗБЕДНОСТ
Безбедноста во Перу е добра со исклучок на одредени предели, особено граничната зона со Колумбија и Еквадор. Кога станува збор за главниот град Лима, треба да се движите само во туристичките зони на центарот на градот и квартовите Miraflores и Baranko. Останатите делови на градот треба да се избегнуваат, особено ноќе. Туристичките места како Arekipe, Kuska и Akvas Kalientesa се безбедни со напомена и тука да се води сметка за личните работи. Парите и вредните работи најдобро е да се остават во хостелите.
8. ОБЛЕКА
Слоевито облекување е неопходно за ова патување. За Лима потребна е летна гардероба заради високите температури додека за престојот во регионот Куска кој се наоѓа на 3400м надморска височина, слоевито облекување преку ден и потопла облека за вечерните часови. Исто така важни се и удобни обувки за пешачење.
9. ПАРИ
Локалната валута е Нуево Сол или само Сол, 1 еур - 3,6 сол, 1$ - 3,2 сол.
10. ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Не е потребно да се користат адаптери за Перу.